ЛАЗАРЕВА САБОТА

Христе Боже, утврдувајќи ја верата во општото
воскресение, пред Твоето страдање го воскресна
Лазара од мртвите. Затоа и ние, како децата носејќи
знаци на победа, Ти пеме Тебе, Победителу на смртта:
Осана во висините! Благословен е Оној што доаѓа
во името на Господа.
(Тропар, глас 1)

На 20. 04. 2019 година, кога Црквата го слави Воскресението на Лазар Четиридневниот – пријателот Господов, во храмовите на Австралиско – сиднејската епархија, беа отслужени Свети Божествени Литургии, на кои верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.