НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА

Кога со посниот подвиг ги заудзда сите телесни
нагони, ја покажа храброста и цврстината на твојата
душа; сакајќи да го видиш крстот Господен, самата себе
се распна за светот, сечесна. Оттука и желбата твоја да
живееш живот ангелски, себлажена. Моли Го Христа
Бога да им дарува прошка на гревовите на оние што
со љубов го слават твојот свет спомен.
(Седален на Утрена во Петта недела од Великиот пост, глас 8)

На 14. 04. 2019 година, во Неделата од петтата седмица на Великиот пост – Недела на света Марија Египетска, кога го прославуваме споменот на преподобната и светиот  Мелитон Сардиски, во храмовите на Австралиско – сиднејската епархија, беа отслужени Свети Божествени (Василиеви) Литургии, на кои верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.