СВЕТИ ГАВРИЛ ВЕЛИЧКИ

Големиот украс на епископите, убавина на светителите, правило на
монасите, слава на пустиниците, дарител на милоста, светилник на
расудувањето, откако дојдовме, верни, да го прославиме учителот на
кротоста, љубител на божественото, премудриот архиереј, великиот
светител и отец, Гаврил епископот Велички и новиот Лесновски
чудотворец, ѕвездата која ги просветува помрачените луѓе и ги
осветлува сите верни.
Затоа, пристапувајќи кон гробот на неговите мошти, со љубов
да ги целиваме и да повикаме: Свети над светите, не престанувај
да Го молиш Христа Бога, да се спасат нашите души.
(Тропар на Св. Гаврил Велички, глас 8.)

 

Празнувањето на овој прекрасен светител започна  на 11. 01. 2019, со Вечерна богослужба. На Вечерната богослужба, на радост за сите верни, за поклонение беше изложена и честица од моштите на светиот Гаврил Велички. Прославувањето на споменот на овој наш голем светител, продолжи утредента, на 12. 01. 2019 година, со Света Божествена Литургија, на која верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.