СОБОР НА СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ

Сакајќи да ја крстиш чистата и нетлена Светлина,
ти се покажа како најчист сад, Јоване. Предизбран од
Бога да бидеш најголем од сите, и најпочитуван меѓу
пророците, се удостои да Го видиш Оној што беше
претскажуван (од пророците).
(песна од канонот на Утрена на Собор на свети Јован Крстител).

На 20.01.2019 година, во денот кога Црквата го прославува празникот Собор на светиот славен пророк, Претеча и Крстител Јован , во храмовите на Австралиско – сиднејската епархија беа отслужени Свети Божествени Литургии, на кои верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.