Божествена литургија за Цветници во храмот „Свети Никола“ во Кабрамата, Сиднеј (Нов Јужен Велс)  

На 09. 04. 2017 година, кога се празнува големиот празник Влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, во црковната општина „Свети Никола“ во Кабрамата, старешината на храмот протојереј – ставрофор Ѓорѓија Лапоски отслужи Света божествена Литургија.

На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни.