Лазарева сабота во храмот „Света Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

На 08. 04. 2017 година, кога се празнува споменот светиот архангел Гавриил; светиот свештеномаченик Иринеј, епископ Сремски; преподобен Малх и преподобен Василија нови (Лазарева сабота), во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, игуменот Гаврил (Галев) отслужи Света божествена Литургија.

На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни.