Лазарева сабота во храмот „Свети Никола“ во Перт, (Западна Австралија)

На 08. 04. 2017 година,  кога се празнува споменот на светиот архангел Гавриил; светиот свештеномаченик Иринеј, епископ Сремски; преподобен Малх и преподобен Василија нови (Лазарева сабота), во црковната општина „Свети Никола“ во Перт, старешината на храмот протојерејот Станко Јовановски отслужи Света божествена Литургија.

На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни.