ОФИЦИЈАЛНИ ПЕЧАТ И ЛОГО НА АВСТРАЛИСКО – СИДНЕЈСКАТА ЕПАРХИЈА ПРИ МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА – ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА

 

ОФИЦИЈАЛНИ ПЕЧАТ И ЛОГО НА АВСТРАЛИСКО – СИДНЕЈСКАТА ЕПАРХИЈА ПРИ МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА – ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА

Образложение:

Епархискиот печат и епархиското лого претставуваат едно историско резиме на МПЦ – ОА и со самото тоа и на новоформираната Австралиско – сиднејска епархија, која е неизоставен дел на нашата Помесна Православна Црква. Всушност историјата на МПЦ-ОА е и историја на Австралиско – сиднејската епархија.

На печатот и логото се преставени назначајните ликови и обележја на МПЦ-ОА.

Присутен е грбот на МПЦ-ОА.

Присутни се и орнаменти.

Потоа во средината е ставена епархиската карта, т.е. територијата, која припаѓа на Австралиско – сиднејската епархија, која е најновата епархија на МПЦ – ОА. Во картата е поставена значајната икона на Пресвета Богородица – Пелагонитиса, која е една од највечатливити икони, кои потекнуваат од Македонија.

Во продолжение ги поставивме и светиите заштитници на МПЦ – ОА, кои се најзначајни за историјата на нашата црква, а тоа се:

1 – Свети апостол Павле, кој го донесе христијанството во Македонија, а со тоа и во Европа уште во апостолско време. Тој е првиот покрстител на Македонија.

2 – Светиот цар Јустинијан I, кој во 535 година ја формирал и афтокефалната архиепископија Јустинијана Прима, со седиште во истоимениот град. Црковната традиција оваа архиепископија ја поврзува со Охридската архиепископија, затоа охридските архиепископи од 12 век до 14 век ја носиле титулата архиепископи на Јустинијана Прима. Архиепископите биле наследници на скопските епископи, а епископот на Јустинијана Прима Антис, станал архиепископ на сите диецези во Источен Илирик. Ова е запишано во 131 Јустинијанова новела, а на која се темелат правата, привилегиите и самостојноста на Јустинијана Прима. Таа традиција се изразувала и во стремежот и барањата на македонските преродбеници за автокефална црква во 19 век.

3 – Свети Климент Охридски, кој е патрон на МПЦ – ОА, која меѓу другото уште се нарекува и го добива епитетот Светиклиментова. Бил и првиот Епископ Словенски со титула Епископ Велички. Светоклиментовиот живот и дело се основа за културен и духовен развој на Охридската Архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква

Наша идеја беше со ликовна симболична престава, преку печатот и логото хронолошки да ја претставиме богатата историјата на нашата МПЦ – ОА, под чија што јуриздикција припаѓа нашата епархија.