Божествена литургија за Цветници во храмот „Свети пророк Илија“ во Квинбијан,  (Нов Јужен Велс)

На 09. 04. 2017 година, кога се празнува големиот празник Влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, во црковната општина „Свети пророк Илија“ во Квинбијан, старешината на храмот протојереј Ѓорѓи Митев отслужи Света божествена Литургија.

На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни.