Четврта недела од Великиот пост во храмот „Свети Никола“ во Перт, (Западна Австралија)

На 26. 03. 2017 година,  во Четвртата Недела од Великиот пост – посветена на свети Јован Лествичник, кога се празнува споменот на Преносот на моштите на свети Никифор Исповедник, патријарх Цариградски; света маченичка Кристина Персијанка; свети свештеномаченик Публиј, во црковната општина „Свети Никола“ во Перт, старешината на храмот протојерејот Станко Јовановски отслужи Света божествена Литургија.

На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни.