Акатист во храмот „Света Петка“ – Рокдејл

На 24. 03. 2017 година, во петок од Четвртата седмица од Великиот пост, во храмот „Света Петка“ во Рокдејл, Сиднеј – Нов Јужен Велс, игуменот Гаврил (Галев) отслужи Акатист кон Пресвета Богородица. На богослужението молитвено учество зеде многуброен народ.

 

Радувај се, Пречиста Владичице, очистилиште на светот. Радувај се, лествице, која со благодатта ги издигнуваш сите од земјата. Радувај се, мосту, кој навистина ги преведуваш од смртта кон животот, сите што тебе ти пеат

(песна од Канонот на Акатист на Пресвета Богородица).