Света Архиерејска Литургија за Воскресение Христово во храмот „Света Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

Иако во гроб слезе, Безсмртен,

но силата на адот ја разурна,

и воскресна, како победник, Христе Боже,

Ти што на жените мироносици им рече: радувајте се!

и на Твоите апостоли мир дарувајќи им,

на паднатите им даваш Воскресение.

 

На 08. 04. 2018 година,  во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј во сослужение со протојереј-ставрофор Димче Ѓорѓиески, протојереј Александар Ивановски, презвитер Владо Недески (старешина на храмот) и со протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски го објави светлото Христово Воскресение и служеше Света Златоустова Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

По завршувањето на богослужбата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците и им го честита празникот.

 

Христос воскресна од мртвите,

со смртта смртта ја победи,

и на тие во гробовите

живот им подари!

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!

НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА!