Бадник и Божик во храмот „Свeта Недела“ во Голд Кост (Квинзланд)

На 06. 01. 2018 година, кога го празнуваме споменот на Преподобната маченичка Евгенија и другите со неа и на Преподобен Никола војвода (Бадник), во црковната општина „Света Недела“ во Голд Кост, протојереј – ставрофор Ѓорѓија Лапоски служеше Вечерна богослужба.

 

На 07. 01. 2018 година, кога го празнуваме празникот Рождество на Господ Исус Христос (Божик), во црковната општина „Света Недела“ во Голд Кост, протојереј – ставрофор Ѓорѓија Лапоски служеше Света Василиева Литургија.

 

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.