Бадник и Божик  во храмот „Свeти Никола“ во Перт, (Западна Австралија)

 На 06. 01. 2018, во предвечерието на празникот Рождество на Господ Исус Христос (Божик), во црковната општина „Свети Никола“ во Перт, старешината на храмот протојерејот Станко Јовановски служеше Вечерна богослужба.

 

 На 07. 01. 2018 година, кога го празнуваме празникот Рождество на Господ Исус Христос (Божик), во црковната општина „Свети Никола“ во Перт, старешината на храмот протојерејот Станко Јовановски служеше Света Василиева Литургија.

 

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.