Бадник во храмот „Свeти Никола“ во Кабрамата, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

На 06. 01. 2018 година, кога го празнуваме споменот на Преподобната маченичка Евгенија и другите со неа и на Преподобен Никола војвода (Бадник), во црковната општина „Свети Никола“ во Кабрамата, протојереј Александар Ивановски заедно со старешината на храмот, презвитерот Игор Младеновски, служеше Света Златоустова Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.