На Бадник во посета на старските домови

На 06. 01. 2018 година, кога го празнуваме споменот на Преподобната маченичка Евгенија и другите со неа и на Преподобен Никола војвода (Бадник), старешината на храмот „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, јерејот Климент Станковски беше во посета на старите и изнемоштените лица, кои престојуваат во старските домови. Тој им ги пренесе Божиќните пораки од Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан.