Божествена литургија во храмот „Свeта Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

На 14. 05. 2017 година, во 5-тата Недела по Воскресение (на Самарјанката), кога го празнуваме споменот на светиот пророк Еремија; преподобниот маченик Акакиј Влечкар и на светиот Пафнутиј Боровски, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, игуменот Гаврил (Галев) служеше Света Златоустова Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

На крајот од службата отец Гаврил на сите присутни им подели бесплатно од првиот број на епархиското списание „Православие“.