Божествена литургија во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 22. 10. 2017 година, во 20-тата недела по Педесетница кога го празнуваме споменот на светиот апостол Јаков; преподобниот Андроник и неговата сопруга Анастасија; светите праведни Авраам и Лот; свети Димитриј, патријарх Александриски; свети Стефан, деспот српски, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.