Божествена литургија во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 26. 11. 2017 година, во 25-тата недела по Педесетница кога го празнуваме споменот на свети Јован Златоуст; светите маченици Антонин, Никифор, Герман и Манете и на преподобниот маченик Дамаскин, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.