Божествена литургија во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, Мелбурн (Викторија)  

 

На 26. 11. 2017, во 25-тата недела по Педесетница, кога Светата Црква го празнува споменот на свети Јован Златоуст; светите маченици Антонин, Никифор, Герман и Манете и на преподобниот маченик Дамаскин, во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, игуменот на манастирот, архимандритот Гаврил (Галев) отслужи Света Златоустова Литургија.

На Литургијата учество зеде мноштво народ, кој се причести со Светите Христови Тајни.