Божествена литургија во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 03. 09. 2017 година, во 13 – тата недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на светиот апостол Тадеј, света маченичка Васа Солунска и преподобен Аврамиј, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.