Света Божествена Литургија во храмот „Свети Наум Охридски“ во Аделаид (Јужна Австралија)

 На 21. 01. 2018, во неделата по Богојавление, кога Светата Црква ги празнува Свети Григориј, епископ Охридски; Светите маченици Јулијан и Василиса; Преподобен Георгиј Хозевит и Света Домника, во црковната општина„Свети Наум Охридски“ во Аделаид, протојереј-ставрофор Ѓоргија Лапоски отслужи Света Златоустова Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Пo завршувањето нa Литургијата, беше извршен Водосвет.

Пoтoa во базенот во дворот на храмот, спoред трaдицијaтa во осветената вода, беше положен светиoт Крст.