Божествена литургија во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 08. 10. 2017 година, во 18-тата недела по Педесетница кога го празнуваме споменот на преподобна Ефросинија; преподобен Сергеј Радоњежски и преподобна Евросинија Суздајска, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.