Божествена литургија во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, Мелбурн (Викторија)

На 08. 10. 2017 година, во 18-тата недела по Педесетница кога го празнуваме споменот на преподобна Ефросинија; преподобен Сергеј Радоњежски и преподобна Евросинија Суздајска, во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, игуменот на манастирот, отец Гаврил (Галев) отслужи Света Златоустова Литургија.

На Литургијата учество зеде мноштво народ, кој се причести со Светите Христови Тајни.