Божествена литургија за празникот Воведение на Пресвета Богородица во храмот – Пречиста во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, Мелбурн (Викторија)

 На 04. 12. 2017, кога Светата Црква го празнува празникот Воведение на Пресвета Богородица во храмот – Пречиста, во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, игуменот на манастирот, архимандритот Гаврил (Галев) отслужи Света Златоустова Литургија.

На Литургијата учество зеде мноштво народ, кој се причести со Светите Христови Тајни.