Божик во храмот „Свети Димитриј Солунски“ – Волонгонг, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

 На 07. 01. 2018 година, кога го празнуваме празникот Рождество на Господ Исус Христос (Божик), вo црковната општина „Свети Димитриј Солунски“ – Волонгонг, протојереј-ставрофор Љубомир Милошовски во сослужение на старешината на храмот, ерејот Роберт Илијевски служеше Света Василиева Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

По Литургијата беа благословени приносите.