Акатист во храмот „Света Петка“ – Рокдејл

На 17.03.2017 година, во третиот петок од Великиот пост, во храмот „Света Петка“ во Рокдејл, Сиднеј – Нов Јужен Велс, игуменот Гаврил (Галев) отслужи Акатист кон Пресвета Богородица. На богослужението учествуваше многуброен народ. Храбра наша Војводко победоносна, ние, слуги Твои од зло избавени, песни пофални Ти воспеваме, Богородице: но Ти Која крепост имаш непобедлива, од секоја беда ослободи не, да повикуваме: Радувај се, Невесто Неневестна!

Повечерие и веронаука во црковната општина„Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 14.03. 2017 година (вторник),  кога се празнува споменот на преподобната маченичка Евдокија; преподобен Агапиј и на преподобната маченичка Антонина во храмот „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг се одржа повечерие и час по веронаука од страна на игуменот Гаврил (Галев), протојереј – ставрофор Ефтим Бетински и јерејот Климент Станковски, старешина на храмот. На предавањето присуствуваше голем број на верен народ.

Пресвета Богородица Скоропослушница ја посети Струмица и целата нашата Татковина

За тебе се радува, Благодатна, сета твар; ангелскиот собот и човечкиот род! И како би можеле да не се радуваат земните и небесните кога Твојата појава, Пречиста, насекаде причинува радост наднебесна?! Ете, со какви умешни и благодарствени слова би можеле ние, најмалите и недостојните, да ја искажеме сета онаа радоста сесвештена што денес Ти, Преславна, ја приреди за градот Струмица и за Татковината наша? Оти, со Твојата икона света, наречена …

Втора недела од Великиот пост во храмот „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 12.03. 2017 година,  во Втората Недела од Великиот пост – посветена на свети Григориј Палама, Солунскиот чудотворец, кога се празнува споменот на преподобниот Прокопиј Декаполит и на свети Агатангел Битолски, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот јерејот Климент Станковски отслужи Света божествена Литургија. На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите …

Втора недела од Великиот пост во соборниот храм „Пресвета Богородица“ во Сиденхам, Мелбурн (Викторија)

На 12.03. 2017 година,  во Втората Недела од Великиот пост – посветена на свети Григориј Палама, Солунскиот чудотворец, кога се празнува споменот на преподобниот Прокопиј Декаполит и на свети Агатангел Битолски, во црковната општина „Пресвета Богородица“ во Сиденхам, старешината на храмот протојереј – ставрофор Ефтим Бетински отслужи Света божествена Литургија. На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни.