Воскресение Христово во соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во Сиденхам, Мелбурн (Викторија)

Небесата достојно да се веселат, а земјата нека се радува; нека празнува светот – видливиот и невидливиот, зашто воскресна Христос, радоста наша вечна.   На 16. 04. 2017 година,  во црковната општина „Успение на Пресвета Богородица“ во Сиденхам, старешината на храмот протојереј – ставрофор Ефтим Бетински го објави светлото Христово Воскресение и служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. Христос воскресна од …

Воскресение Христово во храмот „Свeти Никола“ во Кабрамата, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

Ангелот ѝ велеше на благодатната: Чиста Дево, радувај се, и пак ќе речам – радувај се! Твојот Син воскресна од гробот по три дена, и мртвите ги подигна: – луѓе, веселете се! На 16. 04. 2017 година, во црковната општина „Свети Никола“ во Кабрамата, старешината на храмот, протојереј – ставрофор Ѓорѓија Лапоски го објави светлото Христово Воскресение и служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со …

Воскресение Христово во храмот „Свети Климент Охридски“ во Канбера (Австралиска Капитална Територија)

Смрт, каде ти е осилото? Аду, каде ти е победата?   На 16. 04. 2017 година, во црковната општина „Свети Климент Охридски“ во Канбера, старешината на храмот јереј Радојчо Митрев го објави светлото Христово Воскресение и служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.   Христос воскресна од мртвите, со смртта смртта ја победи, и на тие во гробовите живот им подари! ХРИСТОС …

Воскресение Христово во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)  

Светли се, светли се, нов Ерусалиме, зашто славата Господова на тебе засветли. Ликувај сега и весели се, Сионе; Ти, пак, Чиста, радувај се, Богородице, за воскресението на твојата рожба.   На 16. 04. 2017 година, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јереј Климент Станковски го објави светлото Христово Воскресение и служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите …

Воскресение Христово во храмот „Свети Димитриј Солунски“ – Волонгонг, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

О, Пасха велика и најсветла, Христе! О, Мудрост и Слово Божјо, и сило! Давај ни поцелосно да се причестуваме со Тебе во невечерниот ден на Твоето царство.   На 16.04.2017 гoдинa, вo црковната општина „Свети Димитриј Солунски, старешината на храмот, протојерејот Александар Ивановски го објави светлото Христово Воскресение и служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.   Today is not all about …