Вечерна богослужба и света Василиева литургија во храмот „Свeта Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

На 15. 04. 2017 година, во светата и Велика Сабота од Страсната седмица, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, игуменот Гаврил (Галев) отслужи Вечерна богослужба и света Василиева литургија. На Литургијата, верниот народ се причести со Телото и Крвта Христови. Кога си слегол кон смртта, Животе бесмртен, тогаш си го умртвил адот со болскотот на Божеството; а кога и умрените си ги воскреснал од бездните, сите сили небесни Ти …

Утрена богослужба и Оплакување Христово во храмот „Свети Климент Охридски“ во Канбера (Австралиска Капитална Територија)

На 14. 04. 2017 година, во навечерието на светата и Велика Сабота од Страсната седмица, во црковната општина „Свети Климент Охридски“ во Канбера, старешината на храмот јереј Радојчо Митрев отслужи утрена богослужба на која, пред гробот и Христовата плаштаница, беа испеани Статиите на Оплакувањето Христово. На богослужението учество зеде мноштво верен народ. Набожниот Јосиф, кога од крстот го симна Твоето пречисто тело, со плаштаница чиста го завитка, и со мириси …

Утрена богослужба и Оплакување Христово во храмот „Свети Никола“ во Перт (Западна Австралија)

На 14. 04. 2017 година, во навечерието на светата и Велика Сабота од Страсната седмица, во црковната општина „Свети Никола“ во Перт, старешината на храмот, протојереј Станко Јовановски отслужи Утрена богослужба на која, пред гробот и Христовата плаштаница, беа испеани Статиите на Оплакувањето Христово. По литијата и трикратниот опход околу манастирската црква, верниот народ поклонувајќи се ја целива плаштаницата и ги возвеличи Христовите страдања и доброволното погребение. Си слегол во …

Утрена богослужба и Оплакување Христово во храмот „Свeта Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)  

На 14. 04. 2017 година, во навечерието на светата и Велика Сабота од Страсната седмица, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, игуменот Гаврил (Галев) отслужи Утрена богослужба на која, пред гробот и Христовата плаштаница, беа испеани Статиите на Оплакувањето Христово. По литијата и трикратниот опход околу манастирската црква, верниот народ поклонувајќи се ја целива плаштаницата и ги возвеличи Христовите страдања и доброволното погребение. Господи Боже мој, Ти пеам песна …

Утрена богослужба и Оплакување Христово во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 14. 04. 2017 година, во навечерието на светата и Велика Сабота од Страсната седмица, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јереј Климент Станковски отслужи Утрена богослужба на која, пред гробот и Христовата плаштаница, беа испеани Статиите на Оплакувањето Христово. На службата учество зеде мноштво верен народ.  Јосиф, откако го испроси од Пилата чесното тело, со чиста плаштаница го завиткува, и со божествени …