Лазарева сабота во храмот „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 08. 04. 2017 година,  кога се празнува споменот на светиот архангел Гавриил; светиот свештеномаченик Иринеј, епископ Сремски; преподобен Малх и преподобен Василија нови (Лазарева сабота), во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот јерејот Климент Станковски отслужи Света божествена Литургија. На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни.  

СООПШТЕНИЕ: РАСПОРЕД НА БОГОСЛУЖБИТЕ ЗА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ 2017 ГОДИНА во храмот „Свети Никола “ – Перт, Западна Австралија

04.2017 – НЕДЕЛА – ЦВЕТНИЦИ – Света Божествена Литургија, почеток во 9,00 наутро. 04.2017 – ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК – Света Божествена Василиева Литургија, почеток во 8,30 наутро. По Литургијата ќе се отслужи Општ Маслосвет; ВЕЧЕРТА – Утрена богослужба со читање на 12 Евангелија за Христовите страдања, ИЗНЕСУВАЊЕ НА РАСПЕТИЕТО ХРИСТОВО, почеток во 6.30 часот навечер. 04.2017 – ВЕЛИКИ ПЕТОК – ЦАРСКИ ЧАСОВИ со ВЕЧЕРНА Богослужба и ИЗНЕСУВАЊЕ НА ПЛАШТАНИЦАТА, почеток во …

Новости од Австралиско – сиднејската епархија: Со благослов на Неговото Високопресвештенство г. Тимотеј е изградена официјална веб страница на Епархијата – http://mpcaus.org

На епархиското собрание на Австралиско – сиднејската епархија, одржано на 11. 01. 2017 во Мелбурн се донесе одлика да се формира „Епархиски Просветен Одбор“ (ЕЦПО), кој ќе се грижи за просветата и издавачката дејност во Епархијата. Идејата потекна од насушната потреба на нашиот народ за духовно пресветлување и познавање со нашата вера. По тој повод ЕЦПО се зафати со работа на неколку проекти од кои некои веќе се реализирани, а …

Божествена литургија во храмот „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 07. 04. 2017 година,  кога се празнува Светото Благовештение, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот јерејот Климент Станковски отслужи Света божествена Литургија. На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни.  

Литургија на претходноосветени дарови во храмот „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 05. 04. 2017 година, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот јерејот Климент Станковски отслужи Литургија на претходноосветени дарови. На Литургијата, учество зеде верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни. По Литургијата најмладите подготвуваа палмови крстови за престојниот празник Цветници.