Говор на претседателот на MOYA – по повод 10 – годишниот јубилеј

Возљубени чеда во Христа – браќа и сестри, Ми претставува голема чест и задоволство што вечерва сум дел од оваа прослава на 10 годишниот јубилеј на Македонската Православна Младина на Австралија, датум кој не навраќа кон историјата, но и не упатува кон иднината. На прагот сме од уште една календарска година. Како луѓе, природно е нашиот ум да се упати кон тајната на времето: старото време му отстапува место на …