СООПШТЕНИЕ: РАСПОРЕД НА БОГОСЛУЖБИТЕ ЗА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ 2017 ГОДИНА во храмот „Свети Никола “ – Перт, Западна Австралија

04.2017 – НЕДЕЛА – ЦВЕТНИЦИ – Света Божествена Литургија, почеток во 9,00 наутро. 04.2017 – ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК – Света Божествена Василиева Литургија, почеток во 8,30 наутро. По Литургијата ќе се отслужи Општ Маслосвет; ВЕЧЕРТА – Утрена богослужба со читање на 12 Евангелија за Христовите страдања, ИЗНЕСУВАЊЕ НА РАСПЕТИЕТО ХРИСТОВО, почеток во 6.30 часот навечер. 04.2017 – ВЕЛИКИ ПЕТОК – ЦАРСКИ ЧАСОВИ со ВЕЧЕРНА Богослужба и ИЗНЕСУВАЊЕ НА ПЛАШТАНИЦАТА, почеток во …

Новости од Австралиско – сиднејската епархија: Со благослов на Неговото Високопресвештенство г. Тимотеј е изградена официјална веб страница на Епархијата – http://mpcaus.org

На епархиското собрание на Австралиско – сиднејската епархија, одржано на 11. 01. 2017 во Мелбурн се донесе одлика да се формира „Епархиски Просветен Одбор“ (ЕЦПО), кој ќе се грижи за просветата и издавачката дејност во Епархијата. Идејата потекна од насушната потреба на нашиот народ за духовно пресветлување и познавање со нашата вера. По тој повод ЕЦПО се зафати со работа на неколку проекти од кои некои веќе се реализирани, а …

СООПШТЕНИЕ ОД ГЕНЕРАЛНО СОБРАНИЕ НА АВСТРАЛИСКО-СИДНЕЈСКАТА ЕПАРХИЈА

На 11.01.2017 година, во просториите на „Шелдон ресепшн“ во Мелбурн, Австралија, се одржа редовно Генерално собрание на Австралиско-сиднејската епархија, под раководство на претседателот на истото, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, а на кое беа разгледани повеќе прашања од животот на Епархијата. Во продолжение ви го пренесуваме во целост соопштението од Генералното собрание. СООПШТЕНИЕ Од редовното Епархиско собрание на Австралиско-сиднејската епархија одржано на 11.01.2017 година во просториите …

ВТОРА КАНОНСКА ПОСЕТА НА АВСТРАЛИЈА

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА ВТОРА КАНОНСКА ПОСЕТА НА АВСТРАЛИЈА Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор на новоформираната Австралиско – сиднејска православна епархија г. Тимотеј, во придружба на неговиот секретар протојерејот Никола Христоски и протоѓакон Николче Ѓурѓиноски, ќе ја посетат Австралија во периодот од 03.01.2017 до 29.01.2017. Митрополитот г. Тимотеј заедно со придружниците и парохиските свештеници ќе отслужи свети архиерејски литургии во храмовите, кои што се под негова надлежност и …

ОСНОВАЧКО СОБРАНИЕ НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЕПАРХИЈА ЗА АВСТРАЛИЈА

Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимитеј, на покана од Македонската Австралиска Православна Црковна Општина „Успение на Пресвета Богородица“ од Сиденхам, Мелбурн, во периодот од 13.01.2015 до 1.02.2015 година, во придружба на епархискиот ѓакон, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски, престојуваше во Австралија, во канонска визитација на црковните општини што Светиот Архиерејски Синод на МПЦ – ОА по донесената одлука во месец декември 2012 година ги прифати да бидат под канонска јурисдикција и директна …