Најмладите членови на МПЦО „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг учествуваа во бојадисувањето на велигденските јајца

На 07. 04. 2018 година, во Светата и Велика сабота од Страсната седмица, кога Светата Црква си спомнува и за Благовештението на Пресвета Богородица, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, во организација на старешината на храмот презвитерот Климент Станковски се одржа бојадисување на велигденските јајца од страна на најмладите членови на заедницата. На манифестацијата зедоа учество доста млади.
Посета на нашите верници во старскиот дом по повод престојните Велигденските празници

На ден 03. 04. 2018 година, во Страдалната седница – во Светиот и Велик Вторник, кога Светата Црква го празнува споменот на Свети Јаков, епископ и Исповедник; Преподобен Кирил, епископ Катански во Сицилија; Свети Тома, патријарх Цариградски; Преподобен Серапион;, старешината на храмот „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“, јереј Климент Станковски ги посети парохијаните во старскиот дом Age care-Estia во South Morang и им посака со крепко здравје, среќни и благословени …
П О К А Н А

МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА – ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА (МПЦ-ОА) МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА МЛАДИНА НА АВСТРАЛИЈА (МОYА) Возљубени во Господа, ние како раководство на Македонската православна младина на Австралија (МОYА) ја имаме особената чест да Ви ја доставиме следната: П О К А Н А Ве покануваме на Света Божествена Литургија, пикник за децата во манастирот и прошетка до блискиот водопад и синаксис Литургијата ќе се одржи на 17-ти март (сабота) 2018 …
Преставници на Австралиско-сиднејската епархија ја посетија Македонската добротворна организација (MCWA)

На 15. 03. 2018 година, Неговото Високопреподобие, Архимандритот Гаврил (Галев) во придружба на презвитер Климент Станковски ја посетија Македонската добротворна организација (MCWA) која е една од најуспешените организации во Австралија и се занимава со помош и услуги, пред се на старите и изнемоштени луѓе во македонската заедница. Во разговорот со главниот менаџер Диана Стерјовска и вработените на организацијата беа разгледани можностите за унапредување на меѓусебните односи и соработка на организацијата …
Црквата и младите – презвитер Оливер Суботиќ

…Учителе добар, какво добро треба да направам за да имам живот вечен? (Матеј 19,16) Пред нешто помалку од два милениуми во Палестина е воден еден многу интересен дијалог кој останал запишан во Евангелието по Матеј (Матеј 19,16-22) и Марко (Марко 10,17-22). Некое богато момче, чие име не останало забележано, привлечено од појавата на Христос, пришло и Го прашало: „Учителе добар, што да правам за да имам живот вечен?“ Веројатно …