Светите Кир и Јован, бесребреници и чудотворци (13. 02.)

Овие милосрдни и прекрасни светители не беа браќа по крв, но беа браќа по дух. Кир најнапред живееше во Александрија и како лекар ги лечеше луѓето со силата Христова и со материјални лекови. Кога дозна дека болестите ги напаѓаат луѓето најмногу заради гревовите, почна непрестајно да ги упатува болните со пост и покајание да си ја очистат душата од гревовите и така да си го повратат телесното здравје. Кога настана …

Кратки житија на Светите Три светители

Светителите Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст имаат секој свој посебен ден на празнување. Но овој заеднички празник е востановен во 11 век за време на владеењето на царот Алексиј Комнен. Еднаш однекаде настана расправа меѓу народот околу тоа кој од овие тројца светители е најголем. Едни го воздигнуваа Св. Василиј заради неговата чистота и храброст, други Св. Григориј за недостижната длабочина и висина на умот во богословието; трети …

Житие на Свети Григориј Богослов (07. 02)

Свети Григориј Богослов, познат и како Григориј Назијанзанин,  е еден од најголемите богоносни отци и учители на светата Православна Црква. Неговиот спомен се празнува на 7 февруари (25 јануари), а преносот на неговите мошти на 1 февруари. Заедно со свети Василиј Велики и свети Јован Златоуст, вброен е во светите Три Патријарси кои се празнуваат на 12 февруари. Свети Григориј Богослов е исто така познат и како еден од Кападокиските …

Житие на свети апостол Тимотеј (04. 02)

Еден од Седумдесеттемина апостоли. Роден во Листра Ликаониска од татко Грк и мајка Еврејка. Мајка му и баба му Светиот апостол Павле ги пофалува за нивната нелицемерна вера (2 Тимотеј 1, 4 – 5). Во Листра Тимотеј за првпат се сретна со великиот апостол и самиот беше сведок кога Павле исцели еден човек од раѓање куцоног. Подоцна Тимотеј му беше речиси постојан сопатник на Павле, обиколувајќи ги со него Ахаја, …

Кратко житие на преподобен Максим Исповедник (03. 02)

Преподобен Максим Исповедник е еден од врвните византиски теолози и свети философи на Црквата, творец на широкиот теолошки систем кој ја сумблимира христијанската мисла од Ориген до псевдо-Дионисиј Ареопагит, дефинирајќи ги границите на хеленското неоплатонистичко влијание, како она на Плотин и Прокло. Неговата исклучителна слава во црковната историја е изградена врз неизморната и енергична борба против монотелитската ерес. Црквата високо го почитува овој философ на Православието, и неговиот спомен се …