Честитка од м-р Даријан Сотировски, Директор на КОВЗРГ по повод јубилејот на Архимандритот Гаврил (Галев)

Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи на Република Македонија м-р Даријан Сотировски упати своја честитка до Неговото Високопреподобие, Архимандритот Гаврил (Галев) по повод големиот јубилеј 20 години од ракополагањето во јеромонашки чин.


До

Архимандрит Гаврил

Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија

 

Ваше Високопреподобие,

почитуван отец Гаврил,

 

Дозволете ми во името на македонските граѓани и во мое лично име да Ви го честитам значајниот јубилеј, 20 години посветена работа во подвигот. Еден ден е доволно долг за многу бесполезни работи, но премногу краток за суштинска посветеност во вршењето на своите работни задачи. Сите дни кои изминативе 20 години ги поминавте во беспрекорна служба нека бидат пример и правило и за вашето идно делување.

Ви посакувам добро здравје, радост и лесни пости.

 

Со особена почит,

Даријан Сотировски,

Директор на КОВЗРГ

28.02.2018 година

Скопје