Цветници во храмот „Света Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

На 09. 04. 2017 година, кога се празнува празникот Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, игуменот Гаврил (Галев) отслужи Света божествена Литургија.

На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни.