Цветници во соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во Сиденхам, Мелбурн (Викторија)

На 09. 04. 2017 година,  кога се празнува празникот Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, во црковната општина „Успение на Пресвета Богородица“ во Сиденхам, старешината на храмот протојереј – ставрофор Ефтим Бетински отслужи Света божествена Литургија.

На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни.