Цветници во храмот „Свeти Никола“ во Кабрамата, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

На 01. 04. 2018 година, кога Светата Црква го празнува празникот Влегувањето Христово во Ерусалим – Цветници, во црковната општина „Свети Никола“ во Кабрамата, протојереј-ставрофор Ѓорѓија Лапоски служеше Света Златоустова Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

 

Послание на светиот апостол Павле до Филипјаните

4:4-9

 

  1. Радувајте се секогаш во Господа, и пак ќе речам: радувајте се!
  2. Кротоста ваша нека им биде позната на сите луѓе! Господ е близу!
  3. За ништо не грижете се, туку во сe преку молитва и молба со благодарност изјавувајте ги пред Бога своите барања,
  4. и мирот Божји, што надвишува секој ум, ќе ги запази вашите срца и вашите мисли во Исуса Христа.
  5. А понатаму, браќа мои, на она што е вистинско, што е чесно, што е праведно, што е чисто, што е љубезно, што е достојно за слава, на она што е добродетел, што е за пофалба, само на тоа мислете!
  6. И она, што го научивте, примивте, чувте и видовте во мене, тоа вршете го – и Бог на мирот ќе биде со вас!