Цветници во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, Мелбурн (Викторија)

„Од устата на младенците и девојчињата си ја создал похвалата Своја, заради непријателите Твои, за да го срушиш непријателот и одмазникот“

(Псалм 8,2)

 На 01. 04. 2018 година, кога Светата Црква го празнува празникот Влегувањето Христово во Ерусалим – Цветници, во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, игуменот на манастирот, архимандритот Гаврил (Галев) отслужи Света Златоустова Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.