Цветници во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Сиденхам – Мелбурн (Викторија)

„Ликувај од радост, ќерко Сионова, извикувај, ќерко ерусалимска; ете, Царот твој доаѓа при тебе, праведен е и со спасувачка сила, кроток, седнат на осле, рожба на ослицата”

(Захариј 9, 9)

 

На 01. 04. 2018 година, кога Светата Црква го празнува празникот Влегување Христово во Ерусалим – Цветници, во црковната општина „Успение на Пресвета Богородица“ во Сиденхам, старешината на храмот, протојереј-ставрофор Ефтим Бетински служеше Света Златоустова Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

 

Не бој се, ќерко Сионова! Еве, Царот твој иде, седејќи на осле.