Цветници во храмот „Свети Никола“ во Перт, (Западна Австралија)

На 09. 04. 2017 година,  кога се празнува споменот на празникот Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, во црковната општина „Свети Никола“ во Перт, старешината на храмот протојерејот Станко Јовановски отслужи Света божествена Литургија.

На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни.