Акатист кон преподобната и богоносна мајка наша Параскева

Кондак 1

Избрана од Господа да бидеш светол зрак на Црквата, преподобна мајко Параскево, со своето житие, на ангелите слично, на сиот свет му светиш како пресветло сонце и си се јавила како исцелителка на оние кои се во телесни и духовни болести. Затоа со вера ти пееме: Радуј се, Утехо на ожалостените, преподобна мајко наша Параскево!

Икос 1

Покажувајќи ангелска ревност, достојна за восхит, си го украсила својот земен живот со добродетели, си се удостоила да бидеш заедно со ангелите на небесата. Со нив моли го Човекољубецот да ги избави од неволји и беди сите кои ти пеат:

Радуј се, зашто своеволно си го прифатила благиот јарем на Христовите заповеди!

Радуј се, зашто со својот живот световната суета ја изобличуваш!

Радуј се, зашто срцето свое си го сочувала од секакви страсти!

Радуј се, зашто со исполнувањето на заповедите си ја задобила љубовта Божја!

Радуј се, зашто не учиш да го носиме крстот свој следејќи го Христа!

Радуј се, Утехо на ожалостените, преподобна мајко наша, Параскево!

Кондак 2

Согледувајќи ја минливоста на земните ствари, си го напуштила светскиот метеж и си се населила во пустината, каде со пост и молитва како со миомирна храна душата своја си ја хранела, побожно пеејќи: Алилуја!

Икос 2

Здобивајќи ум и вистинска вера и совршена љубов, богомудра мајко, си се украсила со воздржание и смирение и со тоа си постанала храм Божји и обилен извор на чуда; затоа побожно ти пееме:

Радуј се, евангелското одрекување совршено ни го покажуваш!

Радуј се, зашто со долгогодишното сиромаштво си стекнала слава и вечно богатство!

Радуј се, зашто со заветот на сиромаштво си ја покажала висината на духот!

Радуј се, светла Висино на смирението!

Радуј се,  зашто со своите подвизи си ги уништила силите кои им носат на душите пропаст!

Радуј се, зашто со своојот подвиг сите ги воодушевуваш!

Радуј се, Утехо на ожалостените, преподобна мајко наша Параскево!

Кондак 3

Поткрепена од Духот Свет си истрајала во подвигот свој, преподобна, и со своите солзи си го победила гордиот непријател, пеејќи Му со благодарност на Бога: Алилуја!

Икос 3

Постојано мислејќи на судот Христов кој ќе се случи и леејќи топли солзи, Преблажена, си ја украсила својата душа подготвувајќи ја да се сретне со Најправедниот судија. Него моли Го да не удостои да застанеме од Неговата десна страна и нас кои ти пееме:

Радуј се, Пребивалиште на Духот Свет!

Радуј се, зашто целиот свој живот си го осветила повикувајќи го името Господово!

Радуј се, зашто си била истрајна во молитвите пред Бога!

Радуј се, зашто со силата на молитвата си ги победила ѓаволските искушенија!

Радуј се, зашто со молитвите свои од гревот си се сочувала!

Радуј се, зашто совршена Богоугодничке!

Радуј се, преподобна мајко наша, Параскево, Утехо на ожалостените!

Кондак 4

Си ја отфрлила бурата на сегашниот живот, преподобна, отфрлајќи го овоземното богатство заради Христа, си постанала богата во добродетелта и со начинот на својот живот мнозина си привела во ревност, учејќи ги да Му пеат на Христа Бога: Алилуја!

Икос 4

Кога Бог ги чу твоите молитви и воздивнувања принесувани на Бога во тајност, блажена мајко, јавно ги прослави на небесата пред сите ангели сите твои подвизи; и сега, кога си во божествениот Рај, спомни си за нас кои ти принесуваме восклици вакви:

Радуј се, Собеседничке на ангелите, достојна за пофалба!

Радуј се, Украсу велик на светителите!

Радуј се, Пофалбо совршена и висока на преподобните!

Радуј се, Украсу на праведните и Примеру на тие кои се подвизуваат!

Радуј се, на девствениците и монахињите Славо и богосветла Круно!

Радуј се, Тврдино на христијаните и снажна Застапничке!

Радуј се, Утехо на ожалостените, преподобна мајко наша Параскево!

Кондак 5

Во тишина си го завршила својот живот, блажена мајко Параскево, украсувајќи се со сиромаштија и просветувајќи се со воздржание, хранејќи се со билки и со умиление пеејќи Му на Владиката: Алилуја!

Икос 5

Кога Пресветиот Дух го виде твоето неизмерно смирение, те покажа славна во чудата, Преблажена! Затоа од овој живот си преминала во она блаженство каде со хоровите на праведниците посредуваш за сите кои со умиление ти пеат:

Радуј се, миомирисен Изданоку на пустината!

Радуј се, најдобра Пустиножителко!

Радуј се, зашто со српот на своите молитви си ги пресекла трњето на своите страстите!

Радуј се, зашто со своите солзи си го згаснала пламенот гревовен!

Радуј се, зашто секој ѓаволски напад си го изгонила!

Радуј се, зашто со својот добродетелен живот и  неволните кон покајание ги придвижуваш!

Радуј се, Утехо на ожалостените, преподобна мајко наша Параскево!

Кондак 6

Си се уподобила на проповедникот на Вистината, достоен на секаков восхит, Илија и на Јован Крстител, светилката на покајанието, отфрлајќи ги сите овоземни грижи и постојано поучувајќи се на молчание во горите, на бдение и сеќавањето на смртта, пеејќи Му на Бога: Алилуја!

Икос 6

Светлина од небесата те посети во твојата умилителна сеноќна молитва, и, ете, ангел Господен застана пред тебе, јавувајќи ти го божјото благоволение: да се вратиш во својата татковина за да и го предадеш своето тело на земјата таму, а со духот да се преселиш во небесните предели. Затоа ти пееме вака:

Радуј се, зашто уште во овој живот си се удостоила да ги гледаш лицата ангелски!

Радуј се, зашто побожно си ја исполнила волјата Божја!

Радуј се, зашто во црквата Влахернска, силно си ја молела Мајката Божја!

Радуј се, зашто си се предала себе си на нејзината топла заштита!

Радуј се, зашто при упокојувањето за сиот свет си се молела!

Радуј се, зашто по упокојувањето вечниот живот си го пронашла!

Радуј се, Утехо на ожалостените, преподобна мајко наша Параскево!

Кондак 7

Сакајќи од овој век да се претставиш како ѕвезда зајде  од овој свет, Префалена, и заблеска во небесниот живот, оставајќи ни ги како зора совршениот свој живот и твоите добродетели, озарувајќи ги срцата на сите кои со вера му пеат на Бога: Алилуја!

Икос 7

Исполнувајќи го новиот закон на благодатта, си се вознела на небесата со кочиите на добродетелта, достојна на восхит, и сега се радуваш заедно со чиновите небесни. Со нив моли Му се на Христа, Спасителот, за сите кои ти повикуваат:

Радуј се, зашто си се удостоила да се вселиш во место на убавината на Христа!

Радуј се, зашто за своите подвизи од Господа повеќекратно си била наградена!

Радуј се, зашто на небесата венец несовенлив си добила!

Радуј се, зашто Божеството Триипостасно го гледаш!

Радуј се, зашто си заедно со ангелите на небесата!

Радуј се, Утехо на ожалостените, преподобна мајко наша Параскево!

Кондак 8

Необично и чудесно видение имаше христољубивиот Георгиј: мислејќи дека пред себе гледа царица како седи на својот престол опкружена од блескави војници, ги чу зборовите твои: „Георгије, земете ги моите мошти и положете ги на посебно место, пеејќи Му на Бога: Алилуја!“

Икос 8

Сиот христијански собор, кога ги слушна зборовите на Георгиј, се упати кон моштите на преподобната Параскева и кога ги извадоа со голема ревност, се израдуваа многу како на многуцено богатство и ги положија во црквата, со љубов пеејќи вака:

Радуј се, радосна Вест на христијаните!

Радуј се, блескава Ѕвездо на верата, зашто верните ги просветуваш!

Радуј се, смирно мирисна со која црквата Христова замириса!

Радуј се, неистрошлива ризницо на даровите Божји!

Радуј се, извору испратен од Бога, од кој на верните им дотекуваат води на исцеление!

Радуј се, зашто на сите верни со благодатта на Христа раните им ги исцелуваш!

Радуј се, Утехо на ожалостените, преподобна мајко наша Параскево!

Кондак 9

Голема верност имајќи благоверниот цар Јован Асен примајќи ја веста за местото каде лежат твоите свети мошти, преподобна Параскево, ги пренесе во својот град Трново и со големи почести ги положи во својата црква, од каде извираа големи исцеленија за оние кои со вера приоѓаат и Му пеат на Бога: Алилуја!

Икос  9

Красноречиво сведочи детето кое од своето раѓање девет години не можеше да зборува, а доаѓајќи со вера во твојата црква веднаш доби исцеление. Заради тоа со умиление ти воскликнуваме:

Радуј се, моќна Застапничке и од неволјите Избавителке!

Радуј се, зашто на оние кои се мачени од злобните духови брзо им помагаш!

Радуј се, зашто со своите молитви на слепите видот им го враќаш!

Радуј се, зашто на неродилките плод благословен од Бога им праќаш!

Радуј се, зашто од постела ги дигаш парализираните!

Радуј се, незамолчлива Застапничке на оние кои со вера ти пристапуваат!

Радуј се, Утехо на ожалостените, преподобна мајко наша Параскево!

Кондак 10

Од лута болест си ја спасила жената која ветила дека ќе ги исполнува заповедите Господови; а кога не ги одржала ветувањата и излагала веднаш си ја казнила со болест и смрт, за да и другите научат да не лажат пред Бога туку да живеат во вистина и да Му пеат: Алилуја!

Икос 10

Им беше тврдина и спасоносно прибежиште на православните кои беа во заробеништво и во својата жалост прибегнуваа кон твоите исцелителни и чудотворни мошти и сеумилно ти принесуваа пофалби вакви:

Радуј се, на сите верни мирно Пристаниште!

Радуј се, на сите навредени Заштитничке и Покровителке!

Радуј се, на заробените, во жалоста нивна утеха им даваш!

Радуј се, зашто од твоите чуда агарјаните и се уплашија и се вразумија!

Радуј се, зашто твоето име и кај другите народи се прославува!

Радуј се, зашто со тебе се воздигнува православието!

Радуј се, Утехо на ожалостените, преподобна мајко наша Параскево!

Кондак 11

Со пеење и молитви пред ковчегот со твоите чудотворни мошти благоверната царица Милица со сета потребна грижа ги пренесе од другиот народ во својот престолен град, за зајакнување на сиот народ таму кој на Бога Му пее: Алилуја!

Икос 11

Како светла и новојавена ѕвезда си се јавила на запад, со блескавите зраци на своите мошти озарувајќи ги сите верни, а посебно твојата татковина, привлекувајќи ги со пресветлиот сјај на своите подвизи и спасувајќи ги од неволји и несреќи сите кои вака ти пеат:

Радуј се, Помошничке на оние кои се во страдања тешки!

Радуј се, зашто го одгонуваш мракот на жалоста!

Радуј се, зашто избавуваш од бездната на гревот!

Радуј се, зашто преку тебе измолуваме голема милост Божја!

Радуј се, зашто преку тебе светот кој се избави од потопот на гневот Бога го пронајде!

Радуј се, Утехо на ожалостените, преподобна мајко Параскево!

Кондак 12

Со благодатта на Христа исцелуваш од болести и ги гониш лукавите духови и страсти, славна Параскево, просветувајќи ги верните со сјајот на твоите чуда, за да Му пееме благодарно на Бога: Алилуја!

Икос 12

Пеејќи ти ревносно, те молиме, преподобна мајко наша Параскево, моли се за црквата Христова, за зајакнување на верата православна и надвладување на ересите, и измоли за нас спасение, за да те величаме со љубов, пеејќи:

Радуј се, блескав Украсу на црквата Христова!

Радуј се, на православната вера Заштитничке!

Радуј се, Тврдино на нашата татковина и Избавителко од туѓи народи!

Радуј се, Покрову на твојата обител!

Радуј се, на сите кои со вера го бараат твоето застапништво на помош брзо им притекнуваш!

Радуј се, Утехо на ожалостените, преподобна мајко наша Параскево!

Кондак 13

О, преподобна мајко наша, Параскево, на ожалостените Утехо, и на девствениците Украсу, прими ги сега овие песнопеења од нас и моли Го Бога да се избавиме од грев за да заедно со Тебе во нашата небесна татковина постојано му пееме на Бога: Алилуја! (3 пати, потоа: Икос 1, потоа Кондак 1)

Молитва кон преподобната Параскева

О, преподобна мајко наша Параскева, наша топла застапничке и брза помошничке во сите наши неволји! Помогни ни нам, грешните и уморни во овој сегашен живот. Моли го Бога да ни подари прошка на нашите гревови кои сме ги сториле со дело, зборови, помисли и сите наши сетила, а во часот на нашата смрт помогни ни нам недостојните да се избавиме од воздушните митарства и вечните маки, и величајќи го твоето милосрдно застапништво секогаш да го прославуваме Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во сите векови. Амин.