Едноцрквие за празникот на Свети Спиридон, еп. Тримифунтски во Соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во Сиденхам, Мелбурн (Викторија)

На 25. 12. 2017 година,  кога се празнува споменот на Свети Спиридон, епископ Тримифунтски, во црковната општина „Успение на Пресвета Богородица“ во Сиденхам, архимандритот Гаврил (Галев) во сослужение на старешината на храмот протојереј – ставрофор Ефтим Бетински и на ерејот Климент Станковски отслужи Света божествена Литургија.

На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни.

По Литургијата беа благословени славските колачи.