Божествена литургија во храмот „Свeта Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

На 07. 05. 2017 година, во 4 Недела по Воскресение (на Раслабениот), кога го празнуваме споменот на светиот маченик Сава Стратилат; преподобна Елисавета; светите маченици Пасикрат и Валентин; преподобен Тома Јуродив; светите маченици Лука и Никола, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, игуменот Гаврил (Галев) служеше Света Златоустова Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.