Голем собир во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, Мелбурн (Викторија)

 На 10. 12. 2017, во 27-та недела по Педесетница, кога Светата Црква го празнува, светиот маченик Јаков Персијанец, седумнаесет Индиски преподобно маченици, преподобен Роман Чудотворец, преподобен Пафнутиј, преподобен Натанаил, во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, игуменот на манастирот, архимандритот Гаврил (Галев) отслужи Света Златоустова Литургија.

На Литургијата учество зеде мноштво народ,  кој се причести со Светите Христови Тајни.

По Литургијата беше извршен Водосвет и Благословување на славскиот колач.

Во манастирот уште од рано наутро беа отворени манастирските порти и се собра многу народ, кој секоја година традиционално доаѓа на својот традиционален пикник вo „паркот на Македонија“ вo Kинг Лејк.

На овој настан, како дел од забавната програма,  настапи македонскиот оркестар „Рум Дум Дум” со богат избор на македонски народни песни и ора.

Овој настан уште еднаш на дело покажа дека македонскиот народ може да живее сложно и сплотено и дека Црквата е тоа место на зближување, место каде треба заеднички да ја покажеме својата љубов за доброто на сите, собрани околу својот духовен отец.

Така сплотени во домот Божји, со многу љубов и чувство на духовна радост и исполнетост, народот при крајот на денот со тага го напушти манастирот и монашкото братство.