Божествена литургија за Илинден во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 02. 08. 2017 година, кога го празнуваме споменот на светиот пророк Илија – Илинден и на преподобните 3 Пречистански маченици, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.