Генерално собрание и избор на ново раководство на МОYА (Македонска православна младина на Австралија)

МОYA (Macedonian Orthodox Youth of Australia), или Македонска православна младина на Австралија, на својот редовен генерален состанок одржан на 29.06.2017 година го изгласа своето ново раководство на органицазијата. За председател едногласно беше изгласан  Отец Гаврил Галев, а за негов заменик и потпретседател Ананија Ананиевски. Потоа за секретарка беше изгласана Даниела Затаракоска, а за благајник Елена Марушевска.

Целта на MOYA е да организира и да присуствува на духовни патувања, да присуствува во активности и да ја споделува православната вера. Младите што се инволвирани во оваа група ги имаат истите верувања и вредности, кои сакаа да ги споделат со останатата македонска и австралиска заедница преку различни активности и проекти.

Групата е духовно раководена од отец Гаврил, кој ги води младите во верата и ги советува преку веронаука.  Отецот Гаврил секогаш ги поддржува младите да растат како група, прво на духовно ниво, но исто така и во социјални активности и проекти што ја одразуваа нашата вера.

Македонска православна младина на Австралија ќе продолжи со споделување на верата преку активности и други медиуми, како што се социјалните медиуми, како и организирање на годишен семинар.