ИЗВЕСТУВАЊЕ: МИТРОПОЛИТОТ Г. ТИМОТЕЈ ВО ТРЕТА КАНОНСКА ПОСЕТА НА АВСТРАЛИСКО-СИДНЕЈСКАТА ЕПАРХИЈА 

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА

 

Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор на  Австралиско – сиднејска православна епархија г. Тимотеј, во придружба на протојереј-ставрофор Димче Ѓорѓиески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски, ќе ја посетат Австралија во периодот од 27.03.2018 до 22.04.2018.

Митрополитот г. Тимотеј заедно со придружниците и парохиските свештеници ќе отслужи свети архиерејски литургии во храмовите, кои што се под негова надлежност и ќе се сретне со некои од Црковните одбори.

Во рамките на програмата, при посетата на Австралија, Митрополитот г. Тимотеј ќе одржи редовен состанок на Епархискиот управен одбор и редовно Епархиско собрание со членовите на Епархискиот управен одбор и делегатите на Црковните општини.

Од името на Епархискиот управен одбор на Австралиско-сиднејската епархија, Управните одбори на црквите, парохиското свештенство и монаштво, македонските верници во Австралија, на Делегацијата им пожелуваме добредојде, успешно остварување на зацртаните цели како и пријатен престој меѓу нашинците.

 

Информативна служба