Божествена литургија и Светата тајна Елеосвештение (Маслосвет) во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 05. 04. 2018 година, во Светиот и Велики четврток од Страсната седмица, кога Светата Црква си спомнува за Тајната Вечера на Господ Исус Христос со учениците, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше вечерна Василиева литургија.

На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни.

По отслужената Литургија се изврши Светата тајна Елеосвештение (Маслосвет), а верните беа помазани со осветениот елеј.