Божествена литургија и Светата тајна Елеосвештение (Маслосвет) во храмот „Свeта Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

На 05. 04. 2018 година, во Светиот и Велики четврток од Страсната седмица, кога Светата Црква си спомнува за Тајната Вечера на Господ Исус Христос со учениците, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, старешината на храмот, презвитер Владо Недески служеше вечерна Василиева литургија.

На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни.

По отслужената Литургија се изврши Светата тајна Елеосвештение (Маслосвет), а верните беа помазани со осветениот елеј.